Европа ќе има нов шампион: Вардарки величествени против Ѓер за втор Ф4 турнир

Ракометарките на ЖРК Вардар на гостувањето во Ѓер ремизираа против истоимената екипа со 27:27 (13:12).

Вардарки одлично го започнаа натпреварот, Пенезиќ беше лидер во екипата во првите десет минути кога постигна три погодоци. Ѓер во првото полувреме создаваше големи проблеми на Вардар, преку Сен и Агилар водството го зголемуваа до највисоки пет разлика, 10-6 во текот на 20-та минута. Со влегувањето на Кликовац, одбраната на ЖРК Вардар делуваше моќно, се разбрани Лејно и се разиграа крилните играчи, Дембеле и Радичевиќ. Со серија од неколку голови екипата на Вардар успеа резултатски да фати ритам за на полувреме резултатот на семафорот да гласи 13-12 за Ѓер.

Во второто полувреме Вардар беше тој што доминираше на теренот. Амандин Лејно повторно со своите интервенции му овозможи на Вардар да се бори за победа. Со погодоците на Пенезиќ, Вардар замина на плус два разлика 15-17. Ракометарите на Ѓер колку и да се обидувааа сепак не можеа да се борат со времето затоа Вардарки издржаа до крај за конечни 27-27 и обезбеден пласман на фајнл фор турнирот во Будимпешта.

Најефикасна на теренот беше Андреа Пенезиќ со осум погодоци. Во составот на Ѓер солидна партија одигра репрезентативката на Русија, Ана Сен која погоди шест пати во мрежата на Вардар.

По Динамо и ЖРК Вардар обезбеди влез на завршниот турнир во Будимпешта. Третиот патник ќе се дознае по натпреварот Ларвик -Турингер. Утре ЖРК Будуќност го пречекува дански Виборг во Морача каде ќе се одлучува кој ќе ја добие последната виза за Будимпешта.