ЕВЕ ЗОШТО ДАНСКА Е НАЈРАКОМЕТНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ!

Во Данска ракометот е спорт број 1, а најновата вест која ни доаѓа од малото данско градче Нествед дефинитивно го потврдува тоа. Данска е домаќин на престојното Светско првенство во женска конкуренција, а градчето Нествед е едно од местата кои ќе бидат организатори на една од групите. И доколку на некој од минатите големи натпреварувања сте имале проблем да ја најдете салата во која игра вашата репрезентација, во Нествед нема да се соочите со тој проблем. Организаторот мислел на сите детали па доколку не го знаете патот до арената, треба да ги следите патеките кои се означени со ракометна топка во боите на првенството, а се наоѓаат насекаде низ градот. Интересен потег на организаторот, со кој данците уште еднаш потврдуваат во која земја буквално се живее ракометот.