Душица Ѓорѓиевска и Муратпаша убедливо поразени од Холстебро во рамките на ЕХФ Купот

Репрезентативката на Македонија, Душица Ѓорѓиевска со нејзиниот тим Муратпаша забележа убедлив пораз на домашен терен во рамките на ЕХФ Купот. Во полуфиналето од ЕХФ Купот турскиот суперлигаш за противник го доби Холстебро од Данска. Ракометарките на данскиот тим лесно минаа на првиот натпревар совладуваќи го Муратпаша со високи 38:25 (18:14). Реванш средбата се игра во Холстебро наредниот викенд (12.04.2015). На реванш средбата турскиот тим ќе се обиде со поволен резултат да ги заврши настапите на европска сцена.

Нашата репрезентативка на овој натпревар постигна 2 погодоци.

Целосна статистика од натпреварот Муратпаша – Холстебро

handball europe