Душебаев ќе ја води Полска до 2020 година

Селекторот на полската репрезентација, кој воедно е тренер и на европскиот првак Киелце, го продолжи договорот со Ракометната федерација на Полска до 2020 година. Легендарниот Шпанец, кој ја презема функцијата од Михаел Биглер по ЕП во Полска, имаше договор до ноември, но сега ќе биде продолжен на подолго време.

„Ќе потпишеме договор на четири години. Најважната работа ќе бидат Олимписките Игри во Токио. Можеби следната генерација нема да биде успешна како Биелецки, Ткачик и Лијевски, кои полека се збогуваат со националниот тим, но ќе се потрудиме да ги имаме најдобрите ракометари. Во меѓувреме молам за трпение.“ – изјави Душебаев.