Душебаев: Шест голови е висока разлика, но пред нас е нова недела за подготовка!

Единствена светла точка во сивилото на Вардар на вчерашниот дуел во Полска беше талентираниот десен бек на шпанската репрезентација, кој постигна 10 голови од 17 обиди што не беше доволно да се избегне висок пораз. Ракометарот со најмногу постигнати голови на натпреварот меѓу Висла Плоцк и РК Вардар, Алекс Душебаев, по мечот изјави :

Висла одигра подобро денес, тоа го покажува и резултатот од шест голови разлика. Во првото полувреме не одигравме лошо, но Висла имаше одличен голман. Во второто полувреме ракометарите на Висла го одиграа најдобриот ракомет во ова натпреварување за оваа сезона, во секој елемент на ракометната игра и заслужено победија. Разликата од шест голови е голема, но пред нас е нова недела да се подготвиме за вториот натпревар и да се обидеме да поминеме во нардната фаза.