Душебаев со последни тактички подготовки пред Македонија (ФОТО)

Првиот противник на Македонија на патот кон Рио, репрезентацијата на Полска, полека ги привршува подготовките за квалификацискиот турнир како и за утрешниот натпревар против нашата репрезентација.

Polska 2

Polska 3

Од средата полските ракометари тренираат само еднаш на ден, а новиот селектор Талант Душебаев посебно е фокусиран на тактичките замисли со кои треба да и се спротистави на Македонија. На располагање има 22 ракометари од кои речиси сите му се ставени на располагање со исклучок на Мариуш Јуркевиќ кој тренира одвоено.

Polska 4

Конечниот состав на Полјаците за мечот против Македонија ќе биде соопштен денеска, на вечерната прес конференција.

photo: zprp.pl