Душебаев: Знаеме дека ова е битен меч, бидејќи противникот е еден од најдобрите на светот!

Во сабота со почеток од 17:30 минути, македонскиот шампион Вардар ќе биде домаќин на полскиот првак Виве Таурон Киелце во рамките на шестото коло од Лигата на шампионите. Екипата предводена од Талант Душебаев во шест месеци втор пат гостува во СЦ „Јане Сандански“, а последниот меч, оној четвртфиналниот, заврши во полза на Полјаците.
Вардарци имаа одлично отворање на Лигата на шампионите, но минатата недела загубија од КИФ Колдинг, причина повеќе за враќање на старите патеки преку минатогодишниот учесник во Фајнл Фор турнирот.
Синот на прославениот тренер Талант Душебаев и неговиот некогашен помошник од Суидад Реал, Алекс Душебаев и Раул Гонзалес, пред дерби дуелот од група Б говореа за очекувањата на вардарци од овој дуел.
PRESS Vardar-6268
Раул Гонзалес, тренер на РК Вардар:
Играме против Киелце во Лигата на шампиони имаме добра ситуација бидејќи сме прво место во групата Б. Сега играме важен натпревар за нас во Скопје, пред нашата публика и треба да победиме. Тие имаат одлична екипа со одличен тренер, мораме да се подготвиме добро за овој натпревар бидејќи за нас ќе биде многу добро да ги победиме, поради фактот дека би имале 10 бодови. Мораме да одиграме подобра одбрана и да се подготвиме подобро за контра-напад, како и за одличниот кружен напаѓач, Агинагалде. Ние имаме проблеми со неколку повредени играчи, а Алем има шест конци и не знаеме дали ќе игра.
PRESS Vardar-6273
Алекс Душебаев, ракометар на РК Вардар:
Знаеме дека ова е битен меч, бидејќи противникот е еден од најдобрите на светот. Ќе биде тешко, но ние играме пред наша публика и мораме да победиме. Мораме да ја зголемиме разликата во бодови. Киелце е одлична екипа и одлично ги подготвуваат сите акции. Многу е битно да немаме многу грешки во напад и да се концентрираме на одбраната. Мораме добро да се подготвиме за да можеме да можеме да победиме.