ДУШЕБАЕВ Е НАЈДОБАР ТРЕНЕР, ВЕСПРЕМ АРЕНА ИМА НАЈДОБРА АТМОСФЕРА

Според анкетата која ја организираше Европската ракометна федерација, на која ракометните тренери во ЛШ требаше да дадат одговор на прашањата- „Кои три тренери во ЕХФ Велукс Лигата на шампионите ви оставиле најголем впечаток?“ и „ Во која Арена и пред чии фанови во ЕХФ Велукс Лигата на шампионите (не вашите) најмногу уживате да настапувате“? резултатите се следни:

Шпанските тренери ја уживаат најголемата подршка од своите колеги, па не треба да чуди фактот што во првата петорка се најдоа дури четворица Шпанци на кои друштво им прави Алфред Гисласон од Кил. Според колегите тренери за најдобар е избран Талант Душебаев од Киелце кој беше номиниран дури 14 пати, а по него следуваа Гисласон (11)- Кил, Чави Пасквал (9)-Барселона, Мануел Кадењас- Орлен Висла Плок (7), Хуан Карлос Пастор-Пик Сегед(6), а тренерот на Вардар, Раул Гонзалес се најде на шестата позиција со пет номинации. Во продолжение следуваат Љубомир Врањеш-Фленсбург кој исто така доби пет номинации, Нока Сердарушиќ-ПСЖ (4),Карлос Ортега- Веспрем (3).

Во однос на прашањето во која Арена и пред чии фанови најмногу уживаат да настапуваат, тренерите од ЛШ се одлучија за Веспрем Арената која доби седум номинации, на втората позиција со шест номинации се најде Шпаркасе Арена во Кил, местото каде што се одржува ЕХФ Фајнл фор натпреварувањето во машка конкуренција доби пет номинации исто како и нашата „Јане Сандански“ арена. Во продолжение следуваат салата Мосир во Киелце (3), и Фленсарената (2).

vesprem arena
Веспрем Арена
jane sandanski
Арена „Јане Сандански“ -Скопје

РЕДОСЛЕДОТ ПО КОЈ ГЛАСАА 25-те тренери во ЛШ:

Карлос Антонио Ортега (ВЕСПРЕМ)
-Тренери (Гисласон, Врањеш, Сердарушиќ)
-Арени (Ланксес Арена-Келн)

Нока Сердарушиќ (ПСЖ)
-Тренери (Јакобсен, Гисласон, Вујовиќ)
-Арени (Ланксес Арена-Келн)

Веселин Вујовиќ (ППД Загреб)
-Тренери (Кадењас, Пасквал, Душебаев)
-Арени (Јане Сандански-Скопје)

Чави Пасквал (Барселона)
-Тренери (Ривера,Душебаев, Гисласон)
-Арени (Блауграна-Барселона,инсистираше на својата арена)

Љубомир Врањеш (Фленсбург)
Тренери- (Кадењас, Пастор, Пасквал)
Арени (Веспрем Арена)

Муфит Арин (Бешикташ)
-Тренери (Пасквал, Врањеш, Гисласон)
-Арени (Фленсарена,Фленсбург)

Бранко Тамше (Целје Пивоварна Лашко)
-Тренери (Душебаев, Врањеш, Кадењас)
-Арени (Целје, Јане Сандански-Скопје)

Талант Душебаев(Киелце)
-Тренери (Пасквал, Гонзалес, Ортега)
-Арени (Јане Сандански-Скопје, Веспрем Арена, Фленсарена)

Хенрик Кронборг (Киф Колдинг)
-Тренери (Душебаев, Кадењас, Пастор)
-Арени (Веспрем Арена)

Хуан Карлос Пастор (Пик Сегед)
-Тренери (Пасквал, Врањеш, Душебаев)
-Арени (Шпаркасе арена-Кил, Јане Сандански-Скопје, Блауграна-Барселона)

Раул Гонзалес (Вардар)
-Тренери (Душебаев, Гонзалес, Ортега)
-Арени (Орлен Арена-Плоцк)

Николај Јакобсен (Рајн Некар Ловен)
-Тренери (Сердарушиќ, Пасквал, Душебаев)
-Арени ( Јане Сандански-Скопје)

Патрис Канаје (Монпелје)
-Тренери (Гисласон, Душебаев, Пастор)
-Арени ( Ланксес Арена-Кил, Веспрем Арена, Шпаркасе Арена-Кил)

Ола Линдгрен (Кристијанштад)
-Тренери (Сердарушиќ)
-Арена (Киелце)

Никола Марковиќ (Војводина)
-Тренери (Ортега, Пасквал, Душебаев)
-Арени (Веспрем Арена)

Сергеј Бебешко (Мешков Брест)
-Тренери (Гисласон, Кадењас)
-Арени( Ланксес Арена)

Хавиер Гонзалес Фернандес (Натурхаус Ла Риоха)
-Тренери (Гонзалес, Пастор, Душебаев)
-Арени (Веспрем Арена)

Растислав Тртик (Татран Прешов)
-Тренери (Душебаев, Гисласон, Пастор)
-Арени (Ланксес Арена-Келн)

Рикардо Коста (Порто)
-Тренери (Кадењас, Пастор, Гонзалес)
-Арени (Шпаркасе-Кил)

Владимир Максимов (Чеховски Медведи)
-Тренери (Кадењас, Канаје, Гисласон)
-Арени (Шпаркасе -Кил)

Маркус Баур (Кадетен Шафхаузен)
-Тренери (Гисласон, Сердарушиќ, Душебаев)
-Арени (Шпаркасе-Кил)

Оле Норгард (Скјерн)
-Тренери (Виктор Тихонов)

Ларс Валтер (Баја Маре)
-Тренери (Гисласон, Врањеш)
-Арени (Шпаркасе-Кил)

Лино Червар (Металург)
-Тренери (Пасквал, Душебаев, Гонзалес)
-Арени (Веспрем Арена)

Николај Степанек (Мотор Запорожје)
-Тренери(Пасквал, Гисласон,Душебаев)
-Арени (Киелце)