Дупјачанец со одлична партија, но не го спаси Азоти

Македонскиот голман Даниел Дупјачанец имаше одлична партија на голот на Азоти Пулави во мечот од полскиот шампионат против Горњик Забже, но неговиот тим е поразен со 36:34. иако водеше во поголемиот дел од натпреварот.

Дупјачанец беше на гостинскиот гол цел натпревар, и успеа да забележи 18 одбрани, од кои 2 пенали, по 1 во првиот и вториот дел. Иако имаше многу одбрани, сепак брзата игра на овој дуел беше причина да паднат дури 70 погодоци.

Азоти по поразот на пенали од Висла Плоцк, сега загуби и од Горњик па ќе мора да се вади на следниот меч против Погон Шчечин.