Дупјачанец беше најдобар ракометар на Металург на турнирот во Чехов

Во Чехов заврши турнирот „Куп на Гувернерот“, на кој настапија екипите на Металург, Чеховски Медведи, Брест Мешков и на Стеауа.

По завршувањето на турнирот организаторот ги одбра најдобрите ракометари во секоја екипа. За најдобар ракометар на Металург на турнирот е прогласен искусниот голман Даниел Дупјачанец.

Металург беше поразен од силниот Мешков Брест, загуби и од домаќинот Чеховски Медведи, а на крајот забележа и минимален пораз од романската Стеауа.