Дунареа Браила победнички во Букурешт: Штериова со седум гола против Рапид

Марија Штериова со својот тим Дунареа Браила забележа важни бодови на гостувањето кај Рапид Букурешт со 26:25. Ова се нови бодови за Дунареа, но и нов меч во кој македонската интернационалка одигра одлично.

Штериова беше меѓу подобрите ракометарки во редовите на гостинките, а успеа да постигне седум гола со кои беше втор стрелец во екипата. Покрај тоа имаше и две исклучувања, но тие остануваат во втор план кога ќе се види придонесот во нападот.

Со новите три бода тимот на Дунареа Браила собра 13 бода и во моментов се наоѓа на 7. место на табелата.