Дуел на титаните, втор дел – за ПСЖ

По поразот од ПСЖ на гостински терен во Франција, ракометарите на Веспрем не успеаја да му се реваншираат на европскиот вицепрвак ниту на домашен терен и одново беа поразени со 24:29. По првиот изедначен дел, 12:12 гостите преку брзите крила Генсхајмер и Кем ги казнуваа сите грешки на домашните и на крајот заслужено славеа.

Врањеш почна без Манасков, со Угалде на левата крилна позиција. Домашните отворија со 4:1 по одличните одбрани на Миклер и реализациите на Илиќ и Лекаи. Имаше Веспрем и плус 5, во два наврати 7:2 и 8:3, но гостите полека го топеа домашното водство.

Се разиграа Сагосен и Карабатиќ, се разбрани Омејер, па беше 10:10 во 25 минута. До крајот на полувремето се играше гол за гол до 12:12, иако и двете екипи пропуштија по уште една прилика за да заминат со предност на пауза.

Манасков беше на теренот во вториот дел, изнуди пенал кој го погоди Илиќ, но во следниот обид, кој му беше и единствен на мечот не беше прецизен. По 16:16, ПСЖ поведе со 16:18, беше и 20:22 и до крајот само ја одржа и ја големи предноста до конечни плус 5, 24:29.

Без Хансен, кој не играше, на теренот главни беа крилата Генсхјамер со 10 и Кем со 6 голови, а Омејер имаше 16 интервенции. Во Веспрем најдобри беа Илиќ и Лекаи со 7, односно 8 голови, но со половична реализација.