Дуел на двата тима на Вардар: Малите вардарки дадоа 19 гола против првиот состав

Двете екипи на Вардар го одиграа дуелот од 6. коло во Женската лига, а епилогот беше очекуван. Првиот тим забележа висока победа од 48:19.

Уште после првите 30 минути имаше висока предност за првиот тим на Вардар од 22:8. После ова само продолжи зголемувањето на разликата така што на крајот се застана на 48 гола.

Ова беше уште еден меч кој беше како тренинг за крилата Ристовска и Саздовска, додека во Вардар јуниор двете ракометарки кои се веќе дел од сениорската селекција Божиновска и Гичевска успеаја да одработат подобро и беа најефикасни со по пет гола.

ВАРДАР – ВАРДАР ЈУНИОР         48:19 (22:8)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

ВАРДАР: Мицевска, Лејно, Кликовац 4, Саздовска 10, Бајрамоска 2, Лазовиќ 2, Керамичиева 1, Чанаџија 3, Хмирова 7, Петровиќ 6, Ристовска 13

Седмерци: 2/2, Исклучувања:

ВАРДАР ЈУНИОР: Илиќ, Кицеска, Реџеп, Николовска 3, Карчева, Вељановска, Станиќевска 1, Атанасова, Трпевска 3, Георгиевска, Диневска, Божиновска 5, Филипоска, Гичевска 5, Иванова, Николиќ 2.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 мин.