Дуел на големите мајстори: Вујовиќ или Червар, Металург или Загреб

Во дуелот да се биде или не, македонскиот шампион Металург, без Станиќ, Вугринец и Манасков ќе се обиде да дојде до првите бодови во третото коло од Лигата на шампионите. Противник на „сино-белите“ е екипата на Прво Плинарско Друштво Загреб. Екипата на Металург по почетните два пораза од ПСЖ во Скопје и на гостувањето во Брест е во полоша позиција од хрватскиот шампион, кој по сензационалната победа над Кил е на добар пат кон последните 16 екипи во ова елитно натпреварување.
Затоа вечер „металурзите“ ќе се обидат да ги надминат сите проблеми со кои се соочуваа изминативе месец дена и конечно ќе блеснат и ќе ја оправдаат својата позиција во Европа


ПРВО ПЛИНАРСКО ДРУШТВО ЗАГРЕБ


Неприкосновениот шампион на Хрватска своите ѕвездени моменти ги имаше во 90-тите години кога како дел од своето име го содржеше „Бадел“, најголемиот производител на пијалоци во Хрватска. Речиси сите хрватски ракометни ѕвезди поминале барем една сезона во Загреб, а меѓу позвучните интернационалци, за хрватскиот шампион настапувале Андреј Лавров, Кире Лазаров, Алем Тоскиќ, Давид Шпилер, Горазд Шкоф, Мирсад Терзиќ, Франк Локе, Горан Стојановиќ и Михал Копчо. Она што го врзува хрватскиот тим со македонскиот е легендарниот тренер Лино Червар кој ја предводеше екипата на Загреб седум години.
Загреб четири пати бил учесник на финалето во Лигата на шампиони, но тие денови се далеку зад хрватскиот состав кој во последните пет години е под капата на град Загреб. Со значително намален буџет, концентрирани на младите сили од сопствената школа, Загреб под водство на легендарниот тренер Веселин Вујовиќ, во 21-та сезона како учесник на Лигата на шампиони ќе се обидат да ја изненадат Европа.

На екипата и се приклучија:
Тренерот Веселин Вујовиќ;
Домагој Павловиќ (РК Дубрава)
Матео Лукачец (РК Иваниќ Град)
Лука Раковиќ (РК Вардар)
Клубот го напуштија:
Тренер Борис Дворшек;
Јерко Матулиќ (Chamberry Savoie)
Марино Мариќ (Melsungen)
Марко Матиќ (дестинацијата е непозната)
Хрвоје Батиновиќ (РК Задар)

Досегашни средби во еврокуповите, РК Металург vs РК Загреб
14.10.2006 РК Металург Скопје vs РК Загреб, VELUX ЕХФ Лигата на шампионите – Група D 18:22 (09:09)
12.11.2006 РК Загреб vs РК Металург Скопје, VELUX ЕХФ Лигата на шампионите – Група D 32:24 (19:11)
2012/03/18 HC Металург vs Кроација Осигурување Загреб, VELUX ЕХФ Лигата на шампионите – Последни 16 19:18 (07:09)
2012/03/24 Кроација Осигурување Загреб vs HC Металург, VELUX ЕХФ Лигата на шампионите – Последни 16 26:21 (12:10)