Дуелот Шведска-Холандија без победник

Во првиот натпревар од второто коло во Вараждин репрезентациите на Холандија и Шведска ремизираа 30-30. И двете репрезентации има свои добри периоди на овој натпревар, па се чини дека нерешениот резултат е најреален.

ГРУПА Ц (ХРВАТСКА,ВАРАЖДИН)

ХОЛАНДИЈА 30-30 ШВЕДСКА (14:14)

Почетокот на натпреварот и припадна на Шведска која со головите на Хелеберг, Агрен и Торстенсон го имаше почетното водство од 0-3 по 5 минути игра. Лаура Ван Ден Хејден беше најраспложена во холандската репрезентација и со четири постигнати гола успеа да ја врати својата репрезентација во игра, носејки го првото водство за Холандија од 5-4 на половина од првото полувреме.Гол шоуто на Ван Ден Хејден го продолжи Грот,со чиј погодок Холандија поведе со највисоки +5, 12-7 на осум минути до крајот на првиот дел. Шведска успеа многу брзо да се врати во игра и со серија од 4-0 намали на гол негатива во 25 минута. До крајот на првото полувреме ниедна од репрезентациите не направи поголема предност а резултатот по трисет минути игра гласеше 14-14.

Во второто полувреме голгетерската улога во холандската репрезентација ја превзема Естевана Полман која со 8 постигнати гола беше вистински лидер. Холандија имаше постојано водство помеѓу два и три голови предност на 10 минути до крајот на натпреварот. Хелеберг и Ида Оден и носат ирзрамнување за шведска 25-25, резултат со кој се влезе во последните десетина минути на натпреварот. Гол за гол се играше се до 56 минута кога Естевана Полман постигна гол за нови +2 за лалињата,29-27 во 57 минута. Ида Оден беше ракометарката во шведската репрезентација која ги превзема работите во свои раце најпрво успеајки на 2 минути до крајот да намали на 30-29, а со својот 7 гол на дванаесет секунди до крајот ги постави конечните 30-30.

Најпрецизни во репрезентацијата на Холандија беа Естевана Полман со 10 и Ван Дер Хејден со 7 постигнати погодоци. За Шведска, Ида Оден постигна 7, а Натали Хагман 5 погодоци.