Дуарте ја продолжува кариерата во редовите на освојувачот на ЛШ

Репрезентативецот на Португалија во редовите на Барселона, Жилберто Дуарте и покрај тоа што има одлична сезона нема да го продолжи договорот со Каталонците. Тој веќе си има најдено нов клуб за следната сезона и ќе се пресели во редовите на Монпелје.

Португалецот се договори со освојувачот на Лигата на шампионите, кој сезонава не игра на најдобро ниво, па со него тимот на Монпелје добива и во играта во напад и во одбрана.

Ова е втор играч на Барселона кој најавува заминување од тимот откако пред неколку дена пивотот Камил Шипжак соопшти дека се сели во Франција. Со тоа двајца играчи на Барса својата кариера од следното лето ја продолжуваат во лигата која станува сè посилна.

Очекувањата се до крајот на месецов од Монпелје да го објават трансферот на Португалецот.