Дружба си е дружба, служба си е служба (ФОТО)

Составот на француски Нант против Веспрем ќе игра во финалето на „Шпаркасе Купот”. Францускиот состав предводен од Кирил Лазаров обезбеди финале против унгарскиот првак во чии редови оваа сезона настапува Дејан Манасков. Нант со две победи против Штутгарт и Фуксе Берлин, се избори за големото финале на овој подготвителен турнир, додека Веспрем имаше една победа и едно изненадувачко реми против ППД Загреб.

Шпаркасе Купот беше одличен повод за повторна средба на двајцата репрезентативни колеги, кои споделија фотографија од заедничката вечера.

Сепак попладнево од 16 часот македонските интернационалци ќе мора да „војуваат“ меѓу себе за првиот овосезонски трофеј. Дејан Манасков или Кире Лазаров, само еден ќе биде победник.