Дрогришки: Кога се игра против матичниот клуб секогаш има измешани чувства

Денеска со почеток во 18:30 часот ќе се игра првото градско дерби сезонава меѓу градските ривали Еурофарм Работник и Пелистер. Лани овие два тима одиграа пет дуели, но некогашниот пелистерец Стефан Дрогришки, кој сега е член на E. Работник, ќе игра против матичниот клуб во кој ги направи првите ракометни чекори.

„Секогаш кога се игра против матичниот клуб имам измешани чувства но тоа е спортот и сега на спротивната страна. Доста анализиравме и се подготвуваме максимално фокусирани, меѓутоа на вакви натпревари пресудна е концентрацијата и желбата за победа. Секако дека ќе направиме се да за да ја добиеме оваа средба која е од големо значење за нас. Ваквите натпревари со епитет градско дерби секогаш го будат интересот на публиакта за ниво погоре и очекувам дека салата „Младост“ ќе биде исполнета до последно место.“ – вели Дрогришки.

Дуелот меѓу Еурофарм Работник и Пелистер се игра вечерва со почеток во 18:30 часот.