Драстични казни за наместени натпревари во Тунис

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Тунис превзеде драстични мерки против два клуба кои се натпреваруваат во првата лига во Тунис поради местење на плеј-оф натпревар.

Натпреварот кој беше одигран на 23 мај оваа година помеѓу клубовите Ел Мензах Спорт и Јеунесе Спортив бил наместен и поради тоа двата клуба следната сезона ќе се натпреваруваат во второто по ранг натпреварување во Тунис.
Дисциплинската комисија исто така додели две казни на лица од клубовите и тоа потпретседателот на Јеунесе Спортив е суспендиран седум години, додека благајникот на Ел Мензах Спорт доби суспензија од две години.