Драма во младинското финале: Металург 2 со гол во последните секунди подобар од Охрид!

Во драматична завршница и со гол на пет секунди до крајот, екипата на Металург 2 со 30-31 го совлада домаќинот на Ф4 – Охрид и ја одбрани титулата во младинската лига. Домаќинот беше подобар во првиот дел, но момците на Раде Стојановиќ успеаја да се стабилизираат и до паузата направија пресврт, 15-16.

Во вториот дел, металурзи ја зголемија предноста на плус четири, но избраниците на Сашо Ристески на средината на полувремето стигнаа до реми, 24-24. Следуваше нов период во кој Металург 2 диктираше темпо и се одлепи повторно 25-28. Публиката ги бодреше домашните ракометари и со нивна помош тие се вратија на егал, 28-28.

На триесетина секунди до крајот беше 30-30, а последниот гол беше дел на Лазар Додиќ за 30-31. Десниот бек на домашните, Лазар Петровиќ, биеше покрај голот во последниот напад на домаќините и победата, но и титулата остана кај минатогодошниот освојувач. Третото место на завршниот турнир и бронзата ја освои тимот на КЛ7 кој со 31-21 славеше против Струга во малото финале.

Фото: ohridnews.com