Драма во Германија: Драго Вуковиќ се онесвести среде меч

Хрватскиот ракометар Драго Вуковиќ кој игра за Фуксе Берлин преживеа вистинска драма на отварањето на новата сезона во Бундес лигата на дуелот со Вецлар. Среде меч, Вуковиќ ја изгуби свеста при еден пад на паркетот.

Тоа се случи во еден дуел на крајот на полувремето кога Вуковиќ незгодно падна на паркетот, при ударот го голтна јазикот поради што не можеше да дише. Сепак, брзата реакција на лекарот на Вецлар беше доволна за да не се случи нешто несакано и нема да има никакви последици.

„Среќни сме што сепак се се заврши како што треба и Драго е добро. Се заблагодаруваме за брзата реакција на лекарот на Вецлар.“ – изјавија од Фуксе Берлин.