Драматично финале кај пионерите: Металург подобар за гол од КЛ7!

Исто како и во младинска конкуренција, така и во пионерска, финалните натпревари односно победниците беа решени само со еден гол.

Кај пионерите на завршниот турнир кој се одигра денеска во Струга, триумфираше составот на Металург, кој беше подобар од домаќинот КЛ7 со 21-20.

На полувремето Металург водеше со четири голови, 12-8, а КЛ7 цело време бркаше резултат. До финишот на натпреварот, КЛ7 по 21-17 успеа да намали на 21-20, но немаше време за целосен пресврт.

Третото место на завршниот турнир го освои тимот на Алушовски, кој славеше над составот на Шампион со убедливи 24-16.