Драматичен финиш на дербито: Кил ги надитри „лисиците“ од Фуксе Берлин

По репрезентативната пауза, продолжија возбудувањата во Бундес лигата. Стартуваше 27. коло во кое се одиграа четири натпревари. Во нив немаше поголеми изненадувања, а сите очи беа вперени во дуелот на гигантите, Фуксе Берлин и Кил.

Дербито на колото помина според очекувањата. Пресврти, интересни моменти и многу голови донесе битката помеѓу Фуксе Берлин и Кил. „Зебрите“ победија со 30:29, но имаа негатива во голем дел од средбата. Фуксе Берлин беше оној тим кој започна подобро и имаше предност на полувреме од 15:13. Во вториот дел гостите се разиграа и стигнаа до пресврт, па со минималец освоија нови бодови.

Фленсбург остана прв на табелата благодарение на тоа што стигна до нов триумф. Главниот фаворит за трофејот во Бундес лигата имаше лесна задача против Гумерсбах и победи со 28:20. Ласе Сван и Магнус Јондал имаа своја вечер и беа најзаслужни за победата на својот тим постигнувајќи по шест гола.

Резултати:

Фленсбург – Гумерсбах 28:20 (17:12)
Фуксе Берлин – Кил 29:30 (15:13)
Хановер – Рајн Некар Левен 28:30 (14:16)
Лудвигсхафен – Гепинген 23:32 (9:12)