Драматичен натпревар со среќен крај за дружината на Веселин Вујовиќ

Инфаркт натпревар одигра репрезентацијата на Словенија на последниот натпревар од првиот натреварувачки ден од машкиот турнир каде силите во вкрсти со Египет и ја осигура победата во последните минути на натпреварот.

Изедначена беше борбата во првиот дел и единствената разлика во првиот дел која ја направи репрезентацијата на Тунис беше два погодока позитива во 23та минута. Сепак Словенија успеа преку Разгор и Јанц да возврати и да го заврши во егал првиот дел 15-15.

Повторно Египет је имаше иницијативата во вториот дел кога по само шест минути игра стигна на позитива од плус три погодоци, но Словенија брзо возврати и во 40та минута уште еднаш го изедначи резултатот 19-19. Во минутите кои следуваа Словенија ја превзеде иницијативата но вистинска драма следуваше кога Египет успеа да изедначи во последната минута од натпреварот. Џокерот во раката на Веселин Вујовиќ – младиот Јанц успеа да ја израдува својата земја со погодокот кој го постигна на 13 секунди пред звукот на сирената за конечна победа 27-26 во полза на Словенија.

Токму Јанц беше најдобар стрелец кај Словенија со 8 погодоци, а Ел Ахмар постигна 7 во таборот на Тунис.