Драматичен крај: Душебаев погоди од гол на гол за злато на Шпанија (ВИДЕО)

Помладиот брат на довчерашниот вардарец Алекс Душабаев, Даниел, како и голманот Хуан Ледо се хероите на Шпанија на Мундијалот што заврши во Алжир, а „фуријата“ преку Данска стана првак по меч со пресврти, продолженија, драми…

На десетина секунди до крајот на продолжението, Душебаев „јуниор“ стрелаше во данската мрежа од гол на гол за водство на Шпанија, а потоа ол стар голманот Ледо одбрани во последната акција на Данска, и почна радоста на „фуријата“…