Драмата во Плоцк заврши без победник: „Лавовите“ на Вуја испуштија победа против Висла!

Хрватскиот шампион ППД Загреб од Полска се враќа со еден бод. Во Плоцк „плинарите“ ремизираа со Висла и со конечен резултат 23-23 ги поделија бодовите од овој дуел.

Првото полувреме помина во изедначена битка, во која двете екипи се менуваа во водството кое не надмина три голови разлика(3-6, 12 минута). Никчевиќ го постигна последниот гол во првото полувреме кое заврши со минимална предност за гостите од 11-12.

Одличниот почеток на вториот дел им овозможи на Хрватите највисока разлика од пет погодоци, за 12-17 по пет минути игра. До 42-та минута грешките во нападот на Загреб заедно со чудниот критериум на судиите ги вратија Полјаците во игра на само еден гол негатива, 18-19. Домаќините на пет минути до крај за прв пат го изедначија резултатот во вториот дел. ППД Загреб преку одличниот Обрановиќ повторно го врати водството, но неколку лесни удари на Загреб не беа доволни за да ја осигураат победата. Одбраните на Коралес и последниот погодок на Толедо им обезбедија бод на домаќините во овој дуел.

ППД Загреб со овој бод ја најави кандидатурата за четвртото место во група А, додека Висла Плоцк заостанува за еден бод зад првата четворка.