ДРАГОШ “ДОДО“ ОПРЕА ГО ЗАСИЛУВА КИЛ

Германскиот шампион Кил ангажираше нов ракометар на левата крилна позиција. Станува збор за Драгош Опреа кој потпиша договор со “зебрите“ до крајот на сезоната и има право да настапува за Кил во сите натпреварувања. Раководството на Кил се реши за ваков потег поради дефицитарниот број на ракометари на позицијата лево крило. Доминик Клајн имаше тешка повреда на лигаментите па остануваат уште неколку месеци од неговата рехабилитација, додека пак Торстен Јансен исто така се жали на ситна повреда. Младиот Руне Дамке е ставен во оган и одлично ја извршува својата работа, но сезоната е долга и напорна а екипа како Кил не остава ништо на случајноста па ангажманот на Опреа е очекуван потег. Драган Опреа пред да пристигне во Кил настапуваше за екипите на Стенхајм, Гепинген, Корнвестхајм.

ТОРСТЕН СТОРМ (Извршен директор на Кил):

Руне Дамке игра одлична сезона но не смееме да го оптеретуваме. Со Драгош имаме одлична алтернатива. Сезоната е долга, а по повредите на Тото (н.з Торстен Јансен) и Доминик моравме да бараме алтернатива.