Драган Начевски ќе биде дел од официјалните лица на Ф4 во Лигата на шампионите

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на Ф4 од Лигата на шампионите кој ќе се игра во Будимпешта на 11 и 12 мај. Финалето ќе го судат полскиот двоец, Јоана Бремер и Агњешка Сковронек, додека за полуфиналето помеѓу Мец и Ростов Дон судии ќе бидат Турците, Курсад Ердоган и Ибрахим Ездениз. На истиот натпревар контролор ќе биде Драган Начевски.

За трофејот во најелитното европско натпреварување ќе се борат Ростов Дон, Ѓер, Кристијансанд и Мец. Првото полуфинале ќе се одигра на 11 мај во 15:15 часот, а силите ќе ги одмерат, Кристијансанд и Ѓер. Во 18:00 часот место во финалето ќе бараат Мец и Ростов Дон.

Минатата година, Ѓер беше екипата која ја освои Лигата на шампионките совладувајќи го Вардар со 27:26 и тоа после продолженијата. Унгарскиот тим и оваа година е фаворит и останува да се види дали некој ќе успее да му го земе приматот.