Драгана Цвијиќ за 24Ракомет ТВ: Уживање е да се игра за Вардар (ВИДЕО)

Новиот пикер во редовите на Вардар, Драгана Цвијиќ имаше одличен натпревар на мечот против ФТЦ Раил Карго и со седум гола од седум обиде беше најефикасната ракометарка во редовите на победникот. Вардар победи со 34:31, а Цвијиќ понесе голем товар и во нападот и во одбраната.

После првиот меч во ЛШ во новиот тим

„Ова беше мое деби за Вардар во Лигата на шампионите и беше навистина уживање да се игра во меч во кој одигравме неверојатно во првото полувреме“, беше еден дел од коментарите на Цвијиќ за 24Ракомет ТВ.