ДОМИНАЦИЈА: Вардар со најмногу играчи во Ол-стар тимот! (ВИДЕО)

Пред стартот на средбата на ракометарите со новинарите, беше објавен и идеалниот тим во оваа сезона од Лигата на шампионите.

Од тимот на Вардар во Ол-стар тимот се најдоа четворица ракометари – Милосављев беше прогласен за најдобар голман, Дибиров за најдобро лево крило, Кристопанс за најдобар десен бек, додека Чупиќ е најдобро десно крило.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона се игра утревечер во „Ланксес Арена“ со почеток во 18:00 часот, додека претходно од 15:15 часот ќе играат Келце и Веспрем.

ОЛ-СТАР ТИМ 2018/19

ГОЛМАН: Дејан Милосављев – Вардар

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров – Варддар

ЛЕВ БЕК: Микел Хансен – ПСЖ

СРЕДЕН БЕК: Кентан Мае – Веспрем

ДЕСЕН БЕК: Даинис Кристопанс – Вардар

ДЕСНО КРИЛО: Иван Чупиќ – Вардар

ПИВОТ: Хулен Агинагалде – Келце

МЛАД ИГРАЧ: Лудовик Фабрегас – Барселонаи

ДЕФАНЗИВЕЦ: Блаж Благотиншек – Веспрем

ТРЕНЕР: Роберто Парондо – Вардар