ДОМИНАЦИЈА: Вардар го посрамоти ФТЦ во Будимпешта

Бодот кој значеше голема промена во составот на Вардар значеше наплата на старите долгови. Унгарскиот шампион за милиметри не славеше во Скопје, затоа Вардар не остави ништо на случајноста на дуелот во Будимпешта. Во рамките на петото коло од Лигата на шампионките, составот на Давид Дејвис доминантно го совлада домаќинот, составот на ФТЦ, за прва позиција во групата Б.

Македонските првенки уште на самиот почеток одиграа фуриозно и мотивирано, затоа по воведните 1-1 Вардарки ја превземаа контролата врз резултатот и натпреварот. Доминацијата беше претворена во двоцифрена предност по само 20 минути игра, која гостинските ракометарки ја одржуваа до самиот крај. Пенезиќ стави точка на одличното прво полувреме со гол од пенал за конечни 12-21.

На стартот на вториот дел домаќините се заканија со два погодока во низа , но во продолжението Вардар ја стабилизираше играта за во 10-та минута да се врати на највисоките десет голови (16-26). Во рутинска завршница „црвено-црните“ го одржуваа високото водство, а во 56-та минута го достигнаа и највисокото водство за 21-34. Кога веќе се беше познато на овој дуел Вардар го приведе натпреварот кон посакуваниот крај и славеше со конечни 24-37.

Најпрецизни во расположениот состав на Вардар беа Лекиќ со 7 голови, Мавсар и Радичевиќ запишаа 6, додека Лакрабер постигна 4 погодоци. Кај домаќините Јовановиќ, Снелдер и Пена беа прецизни по 4 голови.