ДОМИНАНТЕН СТАРТ НА ВАРДАР ВО СЕХА ЛИГАТА

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар со победа ја стартуваа новата сезона. Во дуелот од СЕХА лигата во салата „Јане Сандански“ совладан е српскиот шампион Војводина со резултат 37-27 (18-8).

Вардарци лежерно го отворија натпреварот, момент кој го искористи Војводина која во 10.минутата преку Смиљаниќ поведе со 3-4. Тоскиќ во следниот напад израмни на 4-4, а Хорхе Македа со својот прв гол ги доведе црвено-црните во водство од 5-4 во 11.минута. Војводина успеваше да парира до 15.минута кога имаше само гол негатива 7-6. Од тој момент четата на Раул Гонзалес започна да го меле својот противник правејќи серија од 5-0 која со својот втор погодок ја затвори Тоскиќ за водство од 12-6 на девет минути до крајот на првот дел. Арпад Штербик (16 одбрани во прво полувреме) ги затвори сите приоди кон својот гол, а точка на првот дел стави Македа за највисоки +10, (18-8).

DD1_3999_original

И во вториот дел гледавме иста слика, Вардар надмоќен во секој сегмент на ракометната игра а Војводина се обидуваше да се избори за што поподнослив пораз. Тимур Дибиров во 38.минута го донесе највисокото водство за Вардар од 25-14, а српскиот шампион успеа само да стигне до -6, 30-26 на десетина минути до крајот. Во последните десетина минути вардарци успеаа повторно да ја вратат двоцифрената разлика која со гол во последната секунда ја донесе Македа за комечни 37-27.

Најпрецизни во екипата на Вардар беа левите крила Дибиров со шест и Манасков со пет постигнати голови. Орловиќ со осум погодоци беше најдобар стрелец кај Војводина.

Фото: СЕХА лига