Домаќинот исфрлен: Одличната Пенезиќ не беше доволна за Хрватска да ја помине групната фаза

Уште еден крајно возбудлив натпревар во третиот натпреварувачки ден во кој репрезентацијата на Германија стигна до победа над домаќинот Хрватска и продолжува во втората фаза, додека за домаќините останува уште еден натпревар од групната фаза по што за нив завршува првенството.
ГРУПА Ц (Хрватска,Вараждин)
Хрватска – Германија 24-26 (14-13)
Домаќинте го стартуваа мечот на добар начин со погодокот на линскиот играч Милановиќ-Литре а Пенезиќ дури 4 пати успешно го наоѓаше патот кон противничката мрежа во стартните минути на натпреварот. Голема загуба за Хрватската репрезентација беше повредата на Миранда Татари која заработи лоша повреда во обид да “финтира” пред противничките играчи. Израмнета борба на двете страни, а враќањето на Сузан Милер во голема мера им ја олесни задачата во германките во нападот. Следуваше серија од 7 минути без погодок на Германија а Елез ја однесе Хрватска на позитива од два погодоци. Крајот на полувремето им припадна на обете вардарки притоа Пенезиќ повторно брилјираше завршувајќи го полувремето со 8 погодоци а Алтхаус возврати на спротивната страна, германките до крајот успеаа во последните секунди со голот на Хубер да го намалат водството на Хрватска на само еден погодок 14-13.Веднаш на стартот на вториот дел германките го израмнија резултатот и натпреварот продложи во истото израмнето темпо. Ништо не се менуваше на обете страни а младата Миневскаја со вториот успешен погодок од седум метри ја однесе Германија на + 1 во 47 минута.Пенезиќ возврати со 11от погодок за уште едно изнедување. Крајните минути им припадна на германките а клучни беа двете последователни промашувања на Елез  за конечни 26-24 во полза на Германија со што домаќинот е елиминран од ова натреварување а германките продолжуваат во следната фаза.

Утешна награда за одличната игра на Пенезиќ и нејзините 13 постиганите погодоци беше наградата за најдобар играч на мечот а кај германките одличната Шулке со 13 одбрани го доби истото признание.