ДОМАЌИНОТ ГО ОСВОИ ТУРНИРОТ “ВАРДАР“

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар се освојувачи на првиот меѓународен ракометен турнир „Вардар“. Избраниците на Раул Гонзалес во финалето го совладаа шведски Кристијанштад со резултат 32-24 (16-11), и со тоа и официјално станаа први освојувачи на турнирот кој се очекува да прерасне во традиционален.

Освен водството од 0-1 кое гостите го имаа на самиот почеток, вардарци имаа комплетна доминација во останатиот дел на натпреварот. Дибиров го постигна првиот гол за Вардар и израмни на 1-1, а Карачиќ го донесе првото водство за Вардар од 3-2 во 4 мин. Од тој момент црвено-црните постојано ја зголемуваа разликата, а Лука Циндриќ во 26.минута го донесе највисокото водство од 16-9. Во последните четири минути од првиот дел Кристијанштад постигна два погодока и на полувреме се замина со резултат 16-11.

FINALE TURNIR VARDAR Vardar-Kristianstad-6274

Предноста од полувремето вардарци ја одржуваа и во вториот дел. Филип Лазаров со својот прв гол ги врати највисоките + 7, 25-18, а атмосферата кулминираше кога преку извонредниот цепелин Лазаров-Манасков, Вардар стигна до највисоките 32-24, што беше и конечен резултат на натпреварот. Со оваа победа црвено-црните се освојувачи на првиот турнир кој е во нивна организација и кој се очекува да прерасне во традиција.

Најпрецизни во редовите на Вардар беа Македа со 5, а Шишкарев и Циндриќ постигнаа по 4 погодоци.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ