Домаќинот ги почести Норвежанките со „Гангам стајл“ наместо националната химна! (ВИДЕО)

Данска и Норвешка важат за сестрински држави, двете соседски земји со години се во врвот на европскиот и светскиот ракомет, а зад себе заедно имаат неколку успешни организации на големи натпреварувања.

На вчерашниот дуел меѓу Норвешка и Порто Рико се случи неочекуван момент додека траеше претставувањето на двете репрезентации. Домаќините наместо норвешката химна ја пуштија популарната „Гангам стајл“, а реакцијата на Норвежанките можете да ја погледнете на следното видео…

Провокација, човечка грешка или нешто друго проценете сами. Како започна ИХФ, можеме да очекуваме нови откази, овојпат во организацискиот дел на турнирот…