Домаќинот во финалето на турнирот “Вардар”

Вардар ја забележа втората победа на турнирот во Скопје, откако вечерва ја совлада екипата на Чековски Медведи со 32-40. За десет минути ракометарите на Раул Гонзалес го скршија отпорот на рускиот шампион за влез во финалето на турнирот “Вардар”.

Првото полувреме помина во изедначена игра. Вардар по првите пет минути имаше предност од 1-3, која се претопи во водство на гостите од Русија по една минута.Резултатската нишалка постојано ги менуваше двете екипи во водство, а по триесет минути застана на нерешени 17-17 со голот на Македа на три секунди пред звукот на сирената.
11911759_10206067078949217_1825060620_n
Во вториот дел гостите повторно дојдоа до минимална предност, но овој пат вардарци возвратија со низа погодоци за прво водство од три разлика,19-22 во 35-та минута. Првите четири голови предност Вардар ги обезбеди преку Тоскиќ во 39-та минута, а високите седум голови за прв пат ги постави Абутовиќ, со својот единствен удар, десет минути подоцна за 25-32. “Црвено-црните” ја одржуваа високата разлика до самиот крај, а Брумен во последната минута стави точка на натпреварот за конечни 32-40.

Најпрецизен во составот на Вардар беше Манасков со седум, а Карачиќ и Брумен постигнаа по пет. Кај Чековски Медведи, Андреев, Котов и Санталов постигнаа по шест погодоци.
На голот на Вардар на овој натпревар застанаа Петар Ангелов во првиот дел и Градимир Чаневски во второто полувреме.