ДОМАЌИНИТЕ ПОВТОРНО ШОКИРААТ: ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД КАРИОКИТЕ

Многу возбудувања донесе четвртиот натпревар на програмата денеска во кој се сретнаа репрезентациите на Бразил и Германија. Домашната репрезентација отиде на пауза со гол позитива, а подобрата концентрација во клучните моменти им донесе победа над Европскиот шампион со резултат 33-30.

Изедначен беше стартот на првиот дел, а домашната репрезентација прва направи серија која и донесе позитива од 3 погодоци во 13тата минута од натпреварот. Германците брзо возвратија успеаа да направат пресврт со превземање на водството во 23та минута кога на семафорот резултатот гласеше 15-11 во нивна полза. Возбудувањата не престанаа тука, па така Бразилците по повторен пресврт заминаа на пауза со предност од еден погодок 17-16.

Второто полувреме во најголем дел се играше гол за гол. На моменти Бразил имаше позитива од два погодоци, која Германците ја анулираа на стартот на последните десет минути. 29-26 имаше Бразил во последните четири минути, а точка на натпреварот стави со големата победа со резултат 33-30.

Најдобар во домашната репрезентација беше Чиуфа со 8 погодоци, додека кај Германците Рајхман постигна 6.