Домаќините на Златната лига сигурни: Ландин ги водеше Данците до победа

Селекцијата на Данска се избори за триумф на мечот против Норвешка во 1. коло од Златната лига која денеска стартуваше со дуелот меѓу Франција и Полска. Данците кои се домаќини славеа со 24:19 и на тој начин тргнаа со турнирот според очекувањата.

Мечот тргна неизвесно и беше со постојано играње гол за гол до 6:6. После ова Данците заиграа на повисоко ниво и успеаја да се изборат за предност од три гола со која заминаа на одмор со 12:9.

Во второто полувреме работите почнаа да се менуваат. Норвежаните се обидоа да се вратат, но тогаш се разбуди голманот Ландин кој бранеше одлично и успеа да и донесе победа на селекцијата на Данска.

После 1. коло во водство е Франција поради високата победа над Полска од 29:15, па сосема извесно е дека победникот на турнирот ќе се одлучува в недела во директната пресметка меѓу Франција и Данска.