Домашниот терен е предност, но и голем притисок

После вчерашната пресметка меѓу Металург 2 и Пролет 62 на која беа постигнати 65 гола, а еден погодок реши кој ќе дојде до бодовите денеска претстојат другите дуели од 2. коло во Супер машката лига.

На терен излагат сите тимови, а домашниот терен треба да биде предност. Металург е фаворит против Вардар јуниор и тука се очекува само силен отпор на младите вардарци. Бутел Скопје треба да има предност против Радовиш, но ова може да биде неизвесен натпревар.

Интересно ќе биде и во Струга каде стружани ќе се соочат со Пелистер. Ова ќе биде интересен дуел после случувањата кои беа дел од двете екипи, па останува да се види каде кризата имала посилен замав.

Што се однесува до пресметката меѓу Охрид и Работнички тука домашните се во предност и се очекува да покажат дека имаат далеку повеќе моќ отколку што покажаа на првиот натпревар во сезоната.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 2. КОЛО

МЕТАЛУРГ 2 – ПРОЛЕТ 62           32:33 (ИЗВЕШТАЈ)

Мелоски 6, Кофилоски 6, Стојановиќ 6 – Џонов 10, Поповски 6, Андоновски 5

САБОТА, 14 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР ЈУНИОР

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

19:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ

Сала: Антон Димитров во Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

СТРУГА – ПЕЛИСТЕР

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

ОХРИД – РАБОТНИЧКИ

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ТАБЕЛА: 1. Пролет 6 бода (54:51); 2. Металург 3 (37:30); 3. Радовиш 3 (32:28); 4. Бутел Скопје 3 (26:24), 5. Струга 1 (25:25); 5. Работнички 1 (25:25); 7. Пелистер 0 (24:26); 8. Охрид 0 (19:21); 9. Вардар јуниор 0 (28:32); 10. Металург 2 – 0 (62:70).