Долг е патот до опстанок: Помладите вардарци преполовени, но мотивирани ги започнаа подготовките (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар Јуниор ги започнаа подготовките за претстојната сезона во која ќе играат во Суперлигата. Тренерот Стојан Петрушевски на првиот собир имаше на располагање десетина играчи кои одработија полесен тренинг.

Во споредба со минатата сезона ги нема голманот Андреј Петковски, кој замина во Работнички, како и Никола Цветаноски и Игор Ѓорѓиев, кои преминаа во новиот прволигаш КЛ7. Десното крило Мартин Димов потпиша за Бутел Скопје, додека Ален Ќосевски и Дејан Кукуловски, како и новиот голман Васил Гогов ќе тренираат и со првиот тим.

Во тимот ќе останат пивотменот Стефан Атанасовски, како и бековите Мартин Карапалевски и Стефан Крстевски, за кои имаше интерес од други екипи.