Доказ за големата љубов: Брат му на Мораес го истетовира Бразилецот во дрес на Вардар (ФОТО)

Родриго Мораес, брат на кружниот напаѓач Рожерио Мораес кој од Вардар летово премина во Веспрем, направи интересна тетоважа.

Тој го истетовира неговиот брат на раката во дресот на Вардар, односно една фотографија направена во Келн со пехарот од Лигата на шампионите.

„Мојот брат е доказ дека вербата во себе секогаш носи резултати. Тој го оствари својот сон – ти брате го заслужуваш ова“, напиша Родриго.