Дождот ги избрка ветераните во сала (ФОТО)

Ракометарите кои се учесници на Првиот меѓународен меморијален турнир во Прилеп „Таста-Лара 2019“ не успеаја да ги одиграат натпреварите на отворено откако лошото време му зададе проблеми на организаторот.

Место на отворениот терен кој беше подготвен специјално за овој турнир мораше средбите да бидат преселени в сала.

Атмосферата меѓу ветераните кои се дел од ова натпреварување е одлична, па ниту дождот не им го расипа расположението така што покрај тоа што има интересен ракомет има и добра атмосфера и дружење меѓу пријателите од минатото.

Ракометарите кои долго беа големи ривали на теренот сега продолжуваат со надигрувањето и се потсетуваат на средбите од пред неколку години.

Инаку, средбите се преселени во салата Р. Р. Ричко така што натпреварите ќе се одиграат според планот.