Доделени индивидуалните награди: Трајкоски најдобар голман на турнирот „Струга 2017“ (ФОТО)

Во финалето на турнирот „Струга 2017“ се соочија Бешикташ и Шарт, но најдобриот голман доаѓа од тимот на Охрид. Благојче Трајкоски ги освои симпатиите на сите покрај езерото со одличните одбрани на дуелите пред се од групната фаза против Бешикташ и Алингсас, додека против Металург забележа 9 одбрани, но се покажа и како стрелец и постигна 4 голови.

За најдобар стрелец е прогласен Андрас Флодман од Алингсас, додека за МВП на годинешниот турнир е прогласен босанскиот интернационалец Един Башиќ од победникот на турнир, францускиот второлигаш Шарт.