Доделени благодарници за посебен придонес во организацијата на струшкиот турнир (ФОТО)

Претседателот на организацискиот одбор на струшкиот турнир, Сашо Србиновски на полувремето од финалниот дуел меѓу Бешикташ и Шарт, додели седум благодарници на луѓето кои што низ 45-годишната традиција ја помагаат организацијата на еден од најстарите ракометни турнири во Европа.

Такви благодарници добија Илије Кочоски, Петар Стерјов, Ристо Башуроски, Јован Талески, Ристе Матоски, Ефто Џигероски (постхумно) и Јаковче Наумоски.