Доброгеа Суд и Ангеловски победија на незгодното гостување кај Сучеава

Тимот на Доброгеа Суд, или попознат како Констанца, каде настпаува некогашниот репрезентативец Бранко Ангеловски, славеше на гостувањето кај незгодниот тим на Сучеава со 35:28, во меч од 4 коло на романскиот шампионат.

Ангеловски на овој меч постигна 3 голови од 6 обиди и беше еден од најдобрите во својот тим. Тој заработи и две исклучувања на овој меч. За Доброгеа поради повреда не настапинекогшаниот ракометар на Металург и Вардар, Младен Ракчевиќ.