Добри вести од Марсеј: Ѓукановиќ разбуден од вештачката кома

Голманот кој од понеделникот се наоѓаше во вештачка кома после срцевиот удар кој го доби за време на тренинг со својот тим Аикс, Славиша Ѓукановиќ се чувствува подобро. Докторите од Марсеј кои се грижеа за здравјето на Ѓукановиќ одлучиле дека тој е веќе подобро и дека може да биде разбуден.

Според вестите од Франција, Ѓукановиќ е веќе контактибилен и разговарал со своите најблиски така што најновите информации се позитивни и голманот се чувствува веќе подобро.

Засега никој не зборува за неговата натамошна кариера, но очигледно е дека е пред пензионирање. Со оглед на тоа што веќе има 38 години за очекување е дека после овие здравствени проблеми дека ќе се повлече од играњето ракомет.

Фото: lnh.fr