Добри вести за Кил и за Хрватска: Дувњак се враќа на терен во декември

Најдобриот ракометар на Кил и на репрезентацијата на Хрватска, Домагој Дувњак е при крај со рехабилитацијата и тој наскоро ќе се врати на натпреварите.

После пауза од неколку месеци тој конечно е подготвен и одбројува до неговиот нов настап во Бундес-лигата. Информациите од клубот велат дека ќе се врати во декември, а со оглед на тоа што натпреварите во Германија траат до крајот на месецот ќе има можност да одигра неколку средби пред да се најде на подготовките за Европското првенство.

Од оваа вест секако најмногу се израдуваа во репрезентацијата домаќин на ЕП каде што е максимално потребен. Дувњак треба да биде лидер на тимот кој ќе атакува на злато, а во истиот состав сигурно ќе се најдат и тројцата ракометари на Вардар. Циндриќ, Карачиќ и Чупиќ. Во конкуренција секако е и Јагањац од Металург.