Добри вести за Душебаев – Лука Циндриќ е подготвен за настап

Поранешниот лидер во играта на Вардар, Лука Циндриќ најверојатно утре ќе го има своето деби на официјален натпревар за екипата на Келце. Тој ја залечи повредата и е подготвен за играње така што се очекува да биде вклучен во тимот за 2. коло од Лигата на шампионте.

Циндриќ беше повреден и надвор од терените, но успеа да ја залечи повредата со што добива можност да биде засилување за дуелот против Рајн Некар на кој Келце ќе нема друг избор освен да нападне со сите сили и да се обиде да дојде до победа.

Доколку работите одат според планот тогаш за очекување е Циндриќ да биде играчот кој ќе донесе предност во играта на Келце против Германците. Душебаев сериозно смета на него, а после проблемите кои ги имаа минатиот викенд кога немаше доволно играчи сега е за очекување шампионот на Полска да добие еден плус во играта и да биде во предност против Рајн Некар на Талевски и Абутовиќ.