Добривоје Марковиќ: Титулата која ја освоивме со Вујовиќ е мој најдраг спомен од Вардар!

Денешниот натпревар беше последен и за Добривоје Мараковиќ, поранешниот репрезентативец на Србија, кој после цели четири години поминати во црвено-црниот дрес го напушта Скопје. Бројни настапи во Лигата на Шампионите, СЕХА-лигата како и домашното првенство ќе останат запишани зад неговото име, а за убавите или помалку убавите спомени од Вардар пред СЦ „Јане Сандански“ до СРЦ „Кале“ вели:

“Поминав прекрасни 4 години тука во Вардар и на екипата и посакувам многу успех во понатамошните натпреварувања и многу титули не само во домашното првенство туку и во Лигата на Шампионите. Во перидот кога настапував тука имам доста убави и помалку убави спомени, но ете како најголем би ја издвоил титулата која ја освоивме со Веселин Вујовиќ.”

Еден од клучните ракометари во составот на Веселин Вујовиќ по пристигнувањето на Тимур Дибиров, доби поинакви задачи во тимот, а натпреварите во СЕХА лигата не беа вистински предизвик за Марковиќ. Од друга страна, од ова лето во Вардар пристигнува Дејан Манасков и тоа беше една од главните причини управата на клубот да не го продолжи договорот со 29-годишното крило. За своите идни планови за 24Ракомет, Марковиќ вели:

“Сеуште незнам каде ќе ја продолжам кариерата, сега следува периoд кој сакам да го искористам за добар одмор и дури потоа ќе одлучам каде ќе продолжам…”