Добар викенд за Данубиус: Ливриниќ и Јовановска со нова победа

Составот на Данубиys Галаци на домашен терен се избори за триумф од 21:20 против Мангура. На овој дуел во тимот на Данубиус беа и двете репрезентативки на Македонија, Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска.

Ливриниќ со три гола беше меѓу поефикасните на средбата, додека Јовановска немаше погодоци на овој дуел.

Со оваа победа екипата на Данубиус Галаци се најде на 8. позиција после 4. коло со вкупно шест бода. Инаку, лидер е ЧСМ Букурешт со 12 поени, а има уште две екипи кои имаат исто така четири победи. Се работи за Корона и Крајова Брашов.